Дома Фудбал Останато ФИФА потврди: Ќе се прекинуваат натпревари поради расизам

ФИФА потврди: Ќе се прекинуваат натпревари поради расизам

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, соопшти дека организацијата сериозно ќе се бори против расизамот за време на Мундијалот во Русија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Инфантино потврди дека ќе се прекинуваат натпреварите на Мундијалот во случај на манифестација на расизам.

„Имаме јасни препораки во случај на манифестации на расизам. Судијата има право привремено да го прекине натпреварот, па дури и да донесе одлука да не се доигра. Благодарение на системот за следење, ќе следат непосредни санкции. Се разбира, ние не сакаме да се случи тоа. За сериозните последици сите се предупредени“, изјави Инфантино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Перез најави кога ќе активира „бомба“ за Реал Мадрид – доаѓа големо име во шпанскиот гигант

Флорентино Перез откри дека ќе го објави „првото големо засилување за следната сезона“ на …