Дома Фудбал Италија Фиорентина остана без тренер, Пиоли порача: Избркан сум!

Фиорентина остана без тренер, Пиоли порача: Избркан сум!

Фиорентина и дефинитивно остана без тренер.

Овој 53 годишен стратег пристигна во Фиорентина во јуни 2017 година кога потпиша двегодишен договор, а малку му недостасуваше да го дочека крајот на договорот бидејќи му остануваше два месеци до истиот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пиоли истакна разочарување што неговите способности се доведени во прашање.

„Секогаш гарантирав професионализам, почит и посветеност. Гледам дека сум избркан од клубот, мислам дека моите професионални и пред човечки квалитети се доведени во прашање“, изјави Пиоли.

Минатата година Фиорентина заврши на осмата позицја на табелата, а во овој момент минуваат низ криза и победија само на еден од последните 11 натпревари.

Сепак, Пиоли успеа да го доведе овој тим до полуфиналето на купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ристовски до навивачите на Риека: Не ве мразам, но ја изгубивте целата моја почит

Со неверојатен пресврт во дербито од 33. коло на СуперСпорт ХНЛ, ДИНАМО ја совлада Риека с…