Дома Фудбал Фиго после 20 години за трансферот во Реал: Навивачите на Барса забораваат една работа

Фиго после 20 години за трансферот во Реал: Навивачите на Барса забораваат една работа

Португалскиот фудбалер Луис Фиго пред 20 години го шокираше фудбалскиот свет кога одлучи да ја напушти Барселона и да потпише за најголемиот ривал Реал Мадрид.

Фиго тогаш беше еден од најдобрите играчи на каталонскиот клуб, а потоа летото 2000 година направи потег кој навивачите на Барселона никогаш не му го простија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалецот како „гром од ведро небо“ одлучи да потпише за Реал Мадрид кој без конкуренција е најголемиот ривал на Барселона. Јасно беше веднаш дека станува збор за едно од најголемите предавства на сите времиња, но тој и денес не се кае поради тој трансфер.

Во разговор за шпански „Спорт“ тој зборуваше дека не очекувал навивачите на Барселона да имаат толкава омраза коне него бидејќи тој не е единствениот играч кој преминал од Барселона во Реал Мадрид.

„Луѓето во Барселона забораваат една работа, а тоа е дека во клубот дојдов место Ландруп кој тогаш премина во Реал Мадрид. Не се сеќавам дека кон него фрлаа стаклени шишиња и свинска глава. Пред враќањето на „Ноу Камп“ знаев дека ме чека пекол, но тоа што навивачите го направија беше срамно“, порача Фиго.

Ќе потсетиме Фиго во Барселона пристигна летото 1995 година од Спортинг за 2.5 милиони евра, а пет години подоцна премина во Реал за 60 милиони евра колку што изнесуваше неговата откупна клазула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дефинитивно има проблем: Погледнете како Салах се однесуваше кон Клоп 🎥

Eдна од главните теми во фудбалскиот свет е караницата помеѓу Јирген Клоп и Мохамед Салах …