Дома Останати Кошарка ФИБА воведе ново правило за невакцинираните пред натпреварот на Македонија со Шпанија

ФИБА воведе ново правило за невакцинираните пред натпреварот на Македонија со Шпанија

ФИБА воведе нов протокол за заштита од коронавирусот пред стартот на квалификациите за СП 2023 во кои ќе настапи и Македонија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Сите официјални лица меѓу кои се кошаркарите, тренерите, медицинскиот тим, но и судиите и делегатот кои не се целоно вакцинирани (со две дози) ќе мора да прават тест на само три часа пред почетокот на натпреварите.

Ова ќе се спроведува и на на натпреварот против Шпанија кој ќе се игра на 26. ноември во „Јане Сандански“. Засега не е познато што би се случувало ако некој биде „позитивен“ на тоа тестирање.

Селекторот на Македонија, Драган Бајиќ се уште не ги објавил имињата со кои ќе се спротистави на Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Детали од гласањето за МВП: Јокиќ не бил ниту блиску, а Дончиќ за никого не е најдобар!

Шеј Гилџес-Александер по втор пат последователно е именуван за најдобриот играч (МВП) на р…