Дома Фудбал Италија Фереро: Доста е за оваа сезона, за мене Серија А е завршена

Фереро: Доста е за оваа сезона, за мене Серија А е завршена

Сопственикот на Сампдорија Масимо Фереро изјави дека за него оваа сезона во Серија А е завршена и покрај најавите дека првенството ќе продолжи.

Серија А се прекина поради пандемијата од коронавирусот. Италија е најзогразена држава и бројката на починати е над 7.000


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фереро смета дека единствено решение за фудбалот е сезоната да се поништи.

„За мене сезоната се завршува тука. Беневенто има 69 бодови во Серија А Б, што да кажат тие? Не можат да стојат и да гледаат“, изјави Фереро алудријаќи на тоа дека двете првопласирани од Серија Б треба да влезат во Серија А и наредната сезона да се игра со 22 тимови.

Зборуваше и за Скудетото.

„Скудетото? Како што кажав, за мене сезоната се завршува тука и на актуелните позоции“, порача тој, па продолжи:

„Еве можеме да си создадеме хипотеза. Можеме да си дадеме еден месец. Да почнеме со припреми на 4.април до 4.мај, тогаш одигруваме 12 натпревари до август. Што тогаш ќе се случи со наредната? Ајде да почнеме да зборуваме за наредната сезоната, доста е за оваа“, заврши првиот човек на Сампдорија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…