Дома Фудбал Феликс: И фудбалерите на Атлетико би сакале да играат како ние во Барса – ако кажат не, лажат!

Феликс: И фудбалерите на Атлетико би сакале да играат како ние во Барса – ако кажат не, лажат!

Португалецот, Жоао Феликс истакна дека повеќе му се допаѓа офанзивната игра на Барселона, отколку дефанзивната на Атлетико Мадрид.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Барса и Атлетико утре ќе се соочат во дербито на колото во Ла Лига, а пред дуелот на двете екипи зборуваше Феликс.

„Секако дека повеќе ми се допаѓа напаѓачкиот стил на игра на Барселона. Сигурен сум дека исто е и со било кој друг фудбалер на Атлетико. Ако кажат дека не е така, сигурно лажат. Нема фудбалер кој не би сакал да игра во тим кој напаѓа“, изјави Феликс.

Барса и Атлетико ќе се сретнат утре во терминот од 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еден куп голови во полуфиналето: Астон вила и Фрајбург ќе се борат за титулата во Лига Европа (Видео)

Англискиот премиерлигаш Астон Вила и германскиот состав Фрајбург ќе се борат за трофејот в…