Дома Останати Федерер го доби Надал, Ѓоковиќ елиминиран!

Федерер го доби Надал, Ѓоковиќ елиминиран!

Роџер Федерер ќе игра во полуфиналето на Мастерсот во Индијан Велс, откако славеше во тенискиот класик против Рафаел Надал. Првиот Мастерс во сезоната ќе добие нов шампион бидејќи победникот во последните три сезони Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето загуби од Ник Кирјос.

Швајцарецот Роџер Федерер, во реприза на финалето на Аустралијан Опен, лесно се справи со Рафа Надал и победи во два сета 6:2, 6:3 за само 68 минути игра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Противник на Швајцарецот во полуфиналето ќе му биде Австралиецот Ник Кирјос кој го елиминира бранителот на трофејот Новак Ѓоковиќ. За речиси два часа игра Кирјос славеше со 6:4, 7:6. Австралиецот пред 12 дена славеше во Акапулко.

Пласман меѓу најдобрите осум на Мастерсот во Индијан Велс изборија уште и третиот носител Стан Вавринка кој во три сета 3:6, 6:3, 7:6 го победи Јапонецот Нишиока, потоа Доминик Тим кој со 6:3, 6:2 славеше против Монфис, Кеи Нишикори немаше проблеми со Јанг и победи во два сета, додека Џек Сок по голема борба го совлада Тунижанецот Јазири 4:6, 7:6, 7:5.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Како Тајсон се подготвува за борбата со Џејк Пол? Нема ceкс и мариxуана!

Неповторливиот Мајк Тајсон (57) ќе се врати во рингот две години по eгзибицијата со Рој Џо…