Дома Фудбал Англија Фановите на Јунајтед спремаат нови протести пред дербито со Ливерпул

Фановите на Јунајтед спремаат нови протести пред дербито со Ливерпул

Навивачите на Манчестер Јунајтед планираат повторно да го искористат престојното дерби со Ливерпул за протести против сопствениците на клубот.

Во мај најголемото англиско дерби беше одложено поради масовен протест пред Олд Трафорд, каде имаше и судир на фановите со полицијата. Тогаш повод за протестот беше одлуката на сопствениците да бидат дел од Суперлигата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Семејството Глејзер мислеше дека ги смири страстите на фановите кога ова лето ги донесе Роналдо, Санчо и Варан, но навивачите спремаат нови протести.

Повод ќе бидат и лошите резултати на тимот на Солскјер кој победи само еднаш во последните пет меча.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…