Дома Фудбал Фабрицио Романо ги шокираше своите фанови – објави колку време поминува на телефон!

Фабрицио Романо ги шокираше своите фанови – објави колку време поминува на телефон!

Фабрицио Романо важи за еден од најголемите, можеби и најголем трансфер експерт кој секогаш има информации за потенцијалните трансфери во светот на фудбалот.

Таквата работа бара посебна активност од италијанскиот новинар во овој летен период кога е отворен преодниот рок, а дека воопшто не му е лесно доказ е неговото време поминато на телефон или „screen time“.

Иако сите се свесни дека тоа е негова работа, сепак фановите останаа изненадени кога самиот Романо објави фотографија колку изнесува – 17 часа и 37 минути.

Навивачите во коментари се шегуваа дека ова е само уште еден доказ дека не спие преку летото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елмас замина при 0-0, Аталанта падна во финишот; Херера славеше со Борац

Аталанта загуби со 0-2 во Амстердам, со двата гола примени по замената на Елмас. Борац ја …