Дома Останати Ракомет Ф4 во Задар: Вардар против Нексе, Е.Пелистер против Мешков Брест

Ф4 во Задар: Вардар против Нексе, Е.Пелистер против Мешков Брест

Сезоната во регионалната СЕХА-лига ќе се доигра, откако беше прекината поради војната во Украина, а македонските тимови Вардар и Пелистер ги дознаа ривалите во четвртфиналето.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Вардар ќе се бори против Нексе, додек Еурофарм Пелистер за противник го доби Мешков Брест и против нив ќе бркаат пласман на Ф4-турнирот.

Во останатите два меча од четвртфиналето ќе се соочат Татран Прешов и Веспрем, како и Војводина и ППД Загреб.

Вардар ако слави ќе се соочи против Војводина или Загреб, додека Пелистер го чека подобриот од дуелот меѓу Татран и Веспрем.

Ф4-турнирот во СЕХА е закажан од 2 до 4 септември во Задар, Хрватска.

Фото: РК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Големо засилување за Охрид, потпиша со капитенот на Партизан!

Никола Зечевиќ и официјално ќе го засили составот на ГРК Охрид, откако потпиша договор со …