Дома Фудбал Италија Уште едно признание за Гранде Пандев: Навивачите го избраа за најдобар во Џенова!

Уште едно признание за Гранде Пандев: Навивачите го избраа за најдобар во Џенова!

Иако капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев има 37 години одигра одлична сезона во Калчото во која успеа да постигне девет гола. Ова беше негов најдобар ефект после 11 години.

Со неговите девет голови Пандев одигра важна улога во борбата за опстанок на Џенова. Поради тоа дилеми кај навивачите скоро и да немаше кога во прашање е најдобриот во сезоната.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На страницата на Џенова „Планет Џенова 1983“ беше објавена анкета во која навивачите го избраа најдобриот играч во сезоната и во анкетата убедливо победи Пандев.

Пандев освои дури 5.047 гласови, а зад него беше Антонио Снаабрија со 3.254 гласа. На третата позиција заврши ланското засилување од Ајакс, Лас Шоне со 2.783.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

На натпреварот помеѓу Интер и Торино во Серија А се испиша историја

На денешниот натпревар помеѓу Интер и Торино кој започна со почеток во 12:30 часот беше ис…