Дома Останати Кошарка Уште една историска вечер за Леброн Џејмс, Голден Стејт без Кари реди порази (ВИДЕО)

Уште една историска вечер за Леброн Џејмс, Голден Стејт без Кари реди порази (ВИДЕО)

llebron

Измината вечер во НБА лигата беа одиграни четири натпревари.

Нова историска вечер имаше неверојатниот Леброн Џејмс кој за Лејкерси постигна 51 поен и така стана само 5-тиот играч во НБА лигата на кого му успеало такво нешто со три различни клуба.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ако насловите пред натпреварот со Мајами беа дека Леброн се „враќа“ дома утрово би требало да прочитаме наслови, „кралот си ја запали куќата“.

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња во натпреварот против својот поранешен клуб уфрли 51 поен во победата од 113:97.

Интересно е што единствената драма на натпреварот беше дали Леброн ќе ја надмине границата од 50 поени, а го направи тоа по 13-ти пат во кариерата.

„Само дајте му ја топката и тргнете се“, зборуваше бекот на Лејкерси Кузма во текот на натпреварот.

Џејмс го следеше Калдвел Поп со 19 поени, Кузма имаше 15, а Инграм 13. Во редовите на Мајами, Елингтон стигна до 19 поени, Џонсон и Ричардсон 17, а Мекгругер 14.

https://youtu.be/DKLbtZIil8U

Повредата на Стеф Кари и тоа како се одразува на играта на шампионот бидејќи Голден Стејт го запиша четвртиот пораз во петтиот натпревар.

Актуелниот шампион сега запиша пораз од Сан Антонио со 104:92. Дурант, Грин и Кук беа единствените кои „играа“ за Голден Стејт.

Првиот постигна 26 поени, запиша 10 скокови и 8 асистенции, вториот имаше поен помалку, додека Кук го заврши натпреварот со 16 поени и осум скокови. Лемаркус Олдриџ беше најдобар во редовите на Спарси со 24 поени и 18 скокови, Дерозан уфрли 20, Геј поен помалку, додека Белинели „броеше“ до 12.

Во останатите два натпревари Орландо славеше против Њујорк Никси со 131:117 и Вашингтон запиша триумф против Портланд со 109:119.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …