По Тиаго Алкантара и Садио Мане уште еден играч на Ливерпул е позитивен на коронавирусот, а станува збор за Џердан Шаќири.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Информацијата дека Шаќири има коронавирус ја објави Фудбалскиот сојуз на Швајцарија, откако фудбалерот направи тест веднаш по пристигнувањето во репрезентацијата.
Шаќири е веднаш ставен во изолација, каде ќе помине две недели, а добрата вест за Ливерпул е што е репрезентативна пауза, па Шаќири ќе ги пропушти само натпреварите за репрезентацијата.