Дома Фудбал Англија Уште еден премиерлигаш добива арапски сопственици – и тоа полубрат на газдата на Манчестер Сити!

Уште еден премиерлигаш добива арапски сопственици – и тоа полубрат на газдата на Манчестер Сити!

Во англиската Премиер лига наскоро би можеле да добиеме уште еден клуб кој ќе се бори за трофејот – Њукасл!

Полубратот на шеикот на Менсур кој од Манчестер Сити за неколку години изгради машинерија е во завршни преговори за купување на Њукасл.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Медиумите во Англија објавија дека Халид бин Зајед Ал Нехјан ќе го купи Њукасл за сума од 350 милиони евра. Според информациите актуелниот сопственик Мајкл Ешли се договорил со Халид и сега преостануваат само детали за клубот да добие нов сопственик кој ќе има сериозни амбиции.

Целата зделка би требало да биде комплетирана наскоро, а се пишува дека Рафа Бенитез ќе остане на клупата и ќе добие сериозна сума со која ќе може да изгради подобар тим.

Инаку, шеикот Менсур од Манчестер Сити и Халид се синови на емирот на Обединетите Арапски Емирати, Зајед бин Султан Ал Нејхан, тој е претседател на Емиратите. Халид е најмладиот од неговите 19 синови.

Треба да се ситакне дека Халид се обидуваше да го купи Ливерпул за две милијарди фунти, но американските сопственции не сакаа да го продадат. Доколку таа продажба се случеше тоа ќе беше најскапата продажба на еден клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Скапото засилување на Ливерпул се сели во Реал Мадрид

Реал Мадрид е заинтересиран за играчот од средниот ред на Ливерпул, Алексис Мекалистер.  Ш…