Дома Топ вести Уште еден „пораз“ на Барса: Депај се сели во Париз

Уште еден „пораз“ на Барса: Депај се сели во Париз

Познато е дека Мемфис Депај е голема желба на тренерот на Барселона, Роналд Куман.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Каталонците се обидоа во летниот преоден рок да го донесат Холанѓанециот на „Камп Ноу“, но не успеаа да се договорат со Лион.

Сега медиумите пишуваат дека Депај ќе биде прва трансфер желба на Барселона во јануари, но Лион потврди дека нема да го пушти фудбалерот на среде сезона.

Последните информации од Франција говорат дека ПСЖ се вклучил во битката за неговиот потпис и наводно веќе постигнале договор со Холанѓанецот.

„Светците“ му понудиле три пати поголема плата од актуелната и Депај на лето како слободен агент ќе се пресели во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…