Дома Фудбал Репрезентации Уште еден „покер“ на Копа Америка: Чиле ја разби Јапонија (ВИДЕО)

Уште еден „покер“ на Копа Америка: Чиле ја разби Јапонија (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Чиле вчера со 4:0 ја победи Јапонија во првото коло од групната фаза на Копа Америка.

Како што е веќе познато Катар и Јапонија добија повик да се натпреваруваат (повеќе за ова тука) на најстариот репрезентативен турнир во светот, но Јапонија баш не се прослави вчера против Чиле.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Чилеанците покажаа сила и полесно од очекувањата стигнаа до победата. Чиле поведе во 41-та минута, додека во вториот дел видовме уште три гола.

Прво Варгас ја затресе мрежата за 2:0 во 54-тата минута, а потоа во самиот финиш за две минути Чилеанците постигнаа два гола.

На 3:0 зголеми Алексис Санчез, а само 60 секунди Варгас го постигна својот втор гол за конечни 4:0.

Ќе потсетиме, во оваа група Уругвај со истиот резултат (4:0) го победи Еквадор.

https://youtu.be/pYtOIvekLjI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Шок за Мората: Поради необичен проблем може да ја заврши кариерата?!

Фудбалерот на Атлетико Мадрид и шпански напаѓач, Алваро Мората веќе неколку дена не тренир…