Дома Фудбал Успешно опериран: Нејмар веднаш ќе стартува со рехабилитацијата

Успешно опериран: Нејмар веднаш ќе стартува со рехабилитацијата

ПСЖ како и бразилската федерација потврдија дека Нејмар е успешно опериран по фрактурата на стапалото која ја заработи во дербито против Марсеј.

Како што информираат од Париз, најскапиот фудбалер на светот веднаш ќе стартува со рехабилитација, а неговото конкретно враќање на теренот ќе биде познато по шест недели.

Иако се уште неофицијално, информациите говорат дека Нејмар ќе паузира до крајот на сезоната, но затоа пак, ќе биде подготвен за настап на Мундијалот во Русија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фоден со хет-трик го разби АЕК: Сити немилосрден и без Халанд!

Манчестер Сити го совлада АЕК со 5-1 за втора победа во Лигата на шампионите, а Фил Фоден …