Дома Топ вести Ураганот Челзи во офанзива – троши 250 милиони на оваа четворка!

Ураганот Челзи во офанзива – троши 250 милиони на оваа четворка!

Антонио Конте го подигна Челзи од мртвите и неколку кола пред крајот ја освои титулата во Премиер лигата, а до крајот има шанси да освои и дупла круна, бидејќи игра во финалето од ФА Купот.

Поради тоа Абрамович е решен да му ги исполни сите желби на италијанскиот стратег и веќе спремил огромен буџет за летни засилувања со кои „сините“ следната сезона ќе можат да се борат за европскиот трон.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челзи поради дебаклот минатата сезона, оваа година не играше во Европа, па за разлика од ривалите можеше со сите сили да се насочи кон Премиер лигата.

Поради тоа Антонио Конте е свесен дека за следната сезона ќе му биде потребен поголем квалитет, но и квантитет, па побара неколку големи засилувања од сопственикот Абрамович.

Англиските медиуми пренесуваат дека „сините“ веќе го договориле првиот транасфер. Пристигнува младиот играч за врска на Монако, Бакајоко кој имаше фантастична сезона и за кого Челзи се согласил да плати 50 милиони евра.

Меѓутоа тоа не е се, Конте на располагање ќе има 250 милиони евра и планира во летниот преоден рок да донесе уште три големи ѕвезди на „Стенфорд Бриџ“. Најголема желба е Алексис Санчез од Арсенал, а како алтернатива се споменува Алваро Мората бидејќи „топџиите“ не сакаат да го продадат Чилеанецот на конкурент од Премиер лигата.

Во одбраната прва желба е стоперот на Саутемптон, Вирџил ван Дијк чија цена моментално изнесува околу 50 милиони евра, додека како централен напаѓач Конте го сака Ромелу Лукаку со кого веќе се започнати преговорите и за кого „сините“ се спремни да платат 80 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Урнебесно: Карагер пијан го интервјуираше Санчо 🎥

Фудбалерите на Борусија Дортмунд синоќа на домашен терен на „Сигнал Идуна Парк“ го совлада…