Дома Фудбал Италија Унаи Емери пристигнува во Серија А

Унаи Емери пристигнува во Серија А

Шпанскиот стручњак Унаи Емери веќе неколку месеци е без работа откако доби отказ во Арсенал.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Топџиите на крајот од претходната година одлучија да му врачат отказ на Емери после лошите резултати, а тој одлучи малку да се одмори и да паузира до крајот на сезоната.

Неколку шпански клубови покажаа интерес за Емери, но тој призна дека желба му е како тренер да се проба во италијанската Серија А.

Наводно, Милан е заинтересиран да го ангажира Емери откако пропаднаа преговорите со ралф Рангник кој има желба да седне на местото спортски директор.

Во клубот очигледно не се задоволни од она што го работи Стефано Пиоли, а Емери очигледно е прв избор кога сезоната ќе заврши. Дали ќе успеат да се договорат останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал подготвен да го жртвува капитенот за три силни причини! Дали замената е веќе позната?

Еден од капитените на Реал Мадрид, Федерико Валверде, навистина би можел да биде „жртвуван…