Дома Фудбал Лига на шампиони УЕФА спрема големи промени во ЛШ: Повеќе ништо нема да биде исто

УЕФА спрема големи промени во ЛШ: Повеќе ништо нема да биде исто

УЕФА разгледува неколку варијанти за целосна промена на постојниот систем на натпревари во Лигата на шампиони.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Информацијата денес ја објави лондонски „Сан“, повикувајќи се на анонимни извори во седиштето на Европската куќа на фудбалот во Нион. Идејата, како што наведува британскиот весник, е промените да стапат на сила од сезоната 2024/2025.

УЕФА во моментов разгледува воведување турнирски систем, според кој, 32 екипи во ЛШ би биле сместени во една група со десет кола. Двојките за секое коло би се одредувале со жрепка по принципот на шаховските турнири.

Секоја екипа би играла по пет натпревари на домашен и гостински терен, а фазата на елиминации би била според шемата првопласираниот против 16- пласираниот, вториот со 15 -от, третиот со 14-от итн.

Екипите, кои ќе се пласираат од 17 до 32 место би продолжиле во Лигата на Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Арнаутовиќ направи хаос: Целосно ја загуби контролата, тргна да се пресмета со противниците (Видео)

Вистинска драма беше видена во последното коло од групната фаза на Светското првенство, ка…