Дома Фудбал Англија УЕФА покрена дисциплинска постапка против Гвардиола

УЕФА покрена дисциплинска постапка против Гвардиола

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола доби црвен картон на полувремето против Ливерпул, а поради неговото „непримерно однесување“, денес УЕФА покрена дисциплинска постапка.

Гвардиола бурно реагираше поради поништениот погодок, па на полувремето истрча на терен и му упати неколку збора на судијата, поради што доби црвен картон.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Иако Гвардиола после објани дека не му рекол ништо непристојно на судијата, сепак денес УЕФА покрена постапка против него.

Дисциплинската комиција ќе заседава на 31-ви мај и тогаш ќе биде одредена казната за Гвардиола, која ќе ја одработи следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Официјало: Ливерпул назначи нов тренер

Од Ливерпул денес и официјално потврдија дека Арне Слот е новиот тренер на тимот. Клубот о…