Европската куќа на фудбалот отвори дисциплинска постапка против Ливерпул поради инцидентите кои се случија пред вчерашниот меч во ЛШ против Манчестер Сити.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Клубот е обвинет по четири различни прекршувања на член 16 од правиникот на УЕФА, според кој клубот е одговорен за сигурноста како на стадионот, така и надвор од него.
Две од обвиненијата се однесуваат на инцидентите со автобусот на Манчестер Сити, кој беше нападнат од фановите на Ливерпул, а останатите две се поради пиротехника и фрлање на предмети во рамките на стадионот.
Случајот ќе биде разгледан од страна на дисциплинската комисија после финалето на 31-ви мај, па евентуалната казна за Ливерпул ќе стапи на сила следната сезона.