Дома Фудбал УЕФА одлучи: Русија и Косово ќе бидат разделени пред ждрепките!

УЕФА одлучи: Русија и Косово ќе бидат разделени пред ждрепките!

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) соопшти дека Русија и Косово ќе бидат разделени во ждрепките за репрезентативни и клупски натпреварувања во иднина.

Одлуката во Нион е образложена со безбедносни причини и би можела да се примени во пракса веќе на 30 ноември за кога е закажано формирањето на групите за Европското првенство во 2020 година. Се разбира доколку Косово обезбедат пласман.

По проблемите во организацијата на мечот од женските селекции меѓу Русија и Косово во квалификациите за Европското првенство, УЕФА мораше да интервенира.

УЕФА претходно ги „раздели“ клубовите и репрезентацијата на Србија и БиХ од Косово, а Русија беше „разделена“ со Украина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даглас Луиз блесна кога му беше најпотребно на Јувентус!

Со асистенција за Мекени и својот прв гол за клубот, Даглас Луиз го предводеше Јувентус до…