Дома Фудбал Останато УЕФА му дозволи на Шахтјор да игра пријателски натпревари во Турција

УЕФА му дозволи на Шахтјор да игра пријателски натпревари во Турција

Фудбалерите на Шахтјор добија дозвола од украинските власти да ја напуштат Украина и да продолжат да тренираат во Турција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во наредниот период тие ќе одиграат неколку пријателски натпревари кои ќе бидат и од хуманитарен карактер.

„УЕФА ни одобри да бидеме домаќини на неколку пријателски натпревари во Турција. Така нашите украински играчи добија дозвола да ја напуштат земјата“, изјави спортскиот директор на клубот, Дарио Срна.

Екипите со кои Шахтјор ќе игра пријателски натпревари се Бешикташ, Фенербахче, Севиља, Лацио, ПСЖ и Хајдук. Инаку, вчера Шахтјор објави фотографии на кои може да се види дека нивниот тренинг центар бил гранатиран (ТУКА).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…