Дома Фудбал Репрезентации УЕФА и КОНМЕБОЛ преговараат: Репрезентациите од Јужна Америка влегуваат во Лигата на Нации?

УЕФА и КОНМЕБОЛ преговараат: Репрезентациите од Јужна Америка влегуваат во Лигата на Нации?

УЕФА и КОНМБЕОЛ имаат намера да организираат што е можно повеќе настани меѓу двата континенти. На таа тема двете страни одржале виртуелен состанок на кој се разговарало за можна соработка.

Во овој момент конкретен е договорот само за натпревар меѓу континенталните шампиони Италија и Аргентина кои ќе се играат на 1. јуни во Лондон. Но, се разгледува и можноста и за други опции.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Европските селекции поради Лигата на Нации ретко имаат термини за пријателски натпревари, па според актуелниот систем ретки се дуелите меѓу селекциите од Европа и Јужна Америка, тоа може да се промени ако јужноамериканските селекции станат дел од Лигата на Нации.

За ова постојат два можни формати. Првиот е репрезентациите од Јужна Америка само да се приклучат во групите на Лигата на Нации, а втората е во Јужна Америка да има посебна Лига на Нации и финалистите од секој континет да играат на завршен турнир.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…