Како што е познато министерот за спорт Лефтерис Авгенакис пред стартот на ЕП испрати писмо до УЕФА во кое најде замерка за логото на ФФМ каде што стои кратенката МКД.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Оваа жалба УЕФА ја одби и на Авенгакис му објасни дека акронимот е дел од преспанскиот договор. Исто така УЕФА образложи и дека во службената комуникација го користи терминот “Фудбалска Федерација на Северна Македонија“ и дека оваа терминологија е соодветна адаптирана на ЕУРО 2020.
Во заклучокот од одговорот се наведува дека УЕФА никогаш нема да стане место каде што се спроведуваат нечии политички замисли и барања.