Европската куќа на фудбалот ќе даде зелено светло за евентуалната продажба на Манчестер Јунајтед на катарски инвестициски фонд зад кој стои емирот Хамад Ал-Тани.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Се очекува официјалната понуда од Катар да пристигне во петок, а имаше сомненија дека УЕФА може да ја стопира евентуалната зделка поради правилото дека два клуба не можат да бидат од ист сопственик.
Имено, два клуба од ист сопственик не можат да играат во исто натпреварување под капата на УЕФА, а емирот од Катар е сопственик на ПСЖ.
Меѓутоа, понудата до Манчестер Јунајтед ќе биде испратена од различна организација, а не од „Катар Спорт Инвестмент“ кој ги има акциите на ПСЖ.
Формално двата клуба нема да имаат еден ист правен сопственик, иако двата ќе бидат во сопственост на кралското семејство на Катар.