Европската фудбалска федерација го казни Манчестер Сити со исфрлување од ЛШ во наредните две години.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
УЕФА поради кршење на фер плеј правилата ги казни граѓаните на двегодишна суспензија во ЛШ и дополнителни 30 милиони евра.
„По сослушувањето на 22. јануари, Судскиот совет на УЕФА денеска го извести Манчестер Сити за одлуката која ја донесе. После сите докази, јасно е дека Манчестер Сити ги прекршил правилата во периодот помеѓу 2012. и 2016. годиа. Клубот исто така не соработуваше во истрагата и поради тоа се исклучени од учество во УЕФА натпреварувањата за наредните две години и се казнети со 30 милиони евра.“ – стои во соопштението на УЕФА.
Клубот со сигурност ќе поднесе жалба на оваа одлука, но ќе видиме дали УЕФА на крајот ќе ја промени одлуката.