Предводникот на Вардар и македонската ракометна репрезентација, постигнал договор и од следната сезона ќе го преземе француски ПСЖ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шпанскиот стратег придонесе за мак ракометот, откако со Вардар ја освои титулата во Лигата на шампионите, а и ја подобри играта и резултатите на машката македонска ракометна репрезентација.
Она што е интересно е што Вардар славеше во финалето од ЛШ токму против ПСЖ кој беше фаворит и кој веќе со години е еден од најсилните европски клубови.
Гонзалес на кормилото на француската екипа ќе дојде на местото на Звонимир Сердарушиќ. Шпанскиот тренер веќе четири години е шеф на стручниот штаб на Вардар.