Дома Фудбал Убави вести: Навивачите во Шпанија пред враќање на трибините!

Убави вести: Навивачите во Шпанија пред враќање на трибините!

Шпанија е блиску до одлуката да отвори дел од трибините на натпреварите во последните четири кола во Лаа Лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Оваа вест денес е на насловните страни на најголемите шпански медиуми. Конечната одлука ќе ја донесе Министерството за здравје на оваа земја. Трибините би можеле да бидат отворени за максимално 5000 гледачи со обврска да држат растојание и да носат маска.

Доколку трибините бидат отворени на 7. и 8. мај тогаш Брселона и Реал Мадрид ќе добијат поддршка во вистински момент затоа што ги пречекуваат Атлетико и Севиља. Тоа се натпревари кои би можеле да го одлучат новиот шампион во Шпанија.

Барселона има шанса да го прескокне Атлетико Мадрид доколку во четврток во заостанатиот натпревар ја победи Гранада.

Во овој момент Атлетико има 73 бода, Барселона и Реал по 71, а Севиља 70,  со тоа што Каталонците имаат натпревар помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал може да побара големиот херој на Шпанија, кој е во Барселона

Шпанскиот фудбалски репрезентативец и напаѓач на Барселона, Феран Торес, е опција за новат…