Бразилецот Нејмар и неговата девојка Бруна Бјанкарди станаа родители на девојче, објавија серија фотографии со бебето на Инстаграм и открија дека се вика Мави.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
“Нашата Мави пристигна да ни ги потполни животите. Добредојде ќерко! Веќе те сакаме многу. Ти благодариме што нѐ избра”, објави Бразилецот на социјалните мрежи.
Нејмар го има 12-годишниот син Дави Лука од претходната врска со девојката Каролина Дантас. Тој се забавуваше со Бруна пред две години, а во април годинава објавија дека чекаат дете.
Пред неколку месеци Нејмар беше во центарот на вниманието на јавноста, бидејќи беше обелоденето неговото неверство. Фудбалерот, познат по „лудите“ забави и „дружењето“ со атрактивни девојки, ја изневерил својата партнерка Бруна, која тогаш беше бремена.
