Дома Фудбал Тројцата Бразилци ставија потпис на нови договори со Реал Мадрид

Тројцата Бразилци ставија потпис на нови договори со Реал Мадрид

Реал Мадрид ги обнови договорите со тројца многу важни играчи, пренесуваат шпанските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Станува збор за тројцата Бразилци, Винисиус, Родриго и Едер Милитао, кои одиграа фантастични сезони.

Винисиус ја одигра најдобрата сезона во кариерата и според многумина беше играч на сезоната во Реал Мадрид. Тој ќе стави потпис нa договор до 2027 година, а во новиот договор на ќе има откупна клаузула од 1 милијарда евра.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Винисиус во моментов заработува 3,2 милиони евра, а со новиот договор ќе добие тројно поголема плата.

Слична е ситуацијата со Родриго, кој ќе го продолжи договорот до 2028 година со клаузула од 1 милијарда. Додека Милитао кој покажа дека е достојна замена за Серхио Рамос ќе стави потпис на договор до 2028 година со откупна клаузула од 500 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

СЕЛЕКТОРОТ ЈА ШОКИРАШЕ ЈАВНОСТА: Ниту еден фудбалер од Реал Мадрид на списокот за СП!

Последен пат вака нешто се случи во 2021 година кога селектор беше Луис Енрике. Зошто проб…