Дома Фудбал Останато Трогателни сцени: Мајка на трибините му го коментира секој натпревар на својот слеп син (ВИДЕО)

Трогателни сцени: Мајка на трибините му го коментира секој натпревар на својот слеп син (ВИДЕО)

Големото дерби во Бразил помеѓу Палмеирас и Коринтијас дојде во центарот на вниманието поради сцената која беше забележана на трибините на стадионот во Сао Паоло.

Палмеирас победи во овој натпревар, а тоа донесе радост и за 11-годишното момче Николас Греко.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Греко редовно е на трибините иако поради неговиот оштетен вид не може да гледа што се случува на теренот. Сепак, за тоа тука е неговата мајка која е покрај него и му објаснува што се случува.

На младиот фан за жал видот му оштетен дури 90%, но боледува и од аутизам. Ваквите случувања ги натераа луѓето во Палмеирас да му го исполнат сонот и да ги повикаат мајката и синот да бидат нивни гости.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Потврдено: Дејвид Мојс заминува од Вест Хем

Од редовите на Вест Хем пристигна и официјална потврда за тренерската смена на крајот од с…