Дома Македонски спорт Тричко е клупска легенда на АЕК – сега стана рекордер по бројот на настапи!

Тричко е клупска легенда на АЕК – сега стана рекордер по бројот на настапи!

Поранешниот репрезентативец на Македонија, Иван Тричковски стигна до уште големо признание во дресот на кипарски АЕК.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Слободно можеме да кажеме дека популарниот Тричко за седум години во дресот на кипарскиот клуб стана вистинска легенда, еден од најголемите кои го носеле овој дрес. Со вчерашниот натпревар против Аполон, Тричковски стана рекордер по бројот на натпревари.

Капитенската лента на АЕК, Тричковски ја носи од сезоната 2019/2020, а токму таа сезона беше и најдобар стрелец во првенството на Кипар. Исто така Македонецот е рекордер по бројот на голови за АЕК во Европа.

Во квалификациите за Лигата на шампионите и Лигата на Европа, како и во официјалната сезона од ЛЕ и Конференциската лига стигна до бројката од 21 гол.

Актуелниот договор со АЕК му истекува во јуни до 2024 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…