Дома Фудбал Англија Три англиски клубови се уште тренираат регуларно

Три англиски клубови се уште тренираат регуларно

Три клубови од Премиер лигата се уште тренираат регуларно и покрај препораките за превенција поврзани со епидемијата од коронавирусот.

Играчите на Тотенхем продолжуваат да тренираат регуларно во својата база, исто како и првиот тим на Шефилд Јунајтед како и тимот на Барнли.

Од останатите тимови од Лондон, Арсенал и Челзи се во изолација бидејќи имаат позитивни случаи на корона во своите редови. Кристал Палас ја затвори тренинг базата, додека Ватфорд и Вест Хем имаат намера да ги обноват тренинзите кон крајот на неделата.

Повеќето од другите клубови од Англија исто така ги запреа тренинзите. Манчестер Јунајтед и Ливерпул ги прекинаа тренинзите во период од две недели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Додека на Манчестер Сити се руши, Халанд веќе одбра нов клуб!

Манчестер Сити е во големи проблеми откако беше прогласен за виновен за финансиски малверз…