Дома Фудбал Останато Тренерска летна „бомба“ – Унаи Емери?!

Тренерска летна „бомба“ – Унаи Емери?!

Eкипата на Баерн Минхен се уште активно бара нов тренер, а сега на списокот желби наводно се додава и името на Унаи Емери.

Откако Јулијан Нагелсман реши да потпише нов договор со Фудбалскиот сојзу на Германија и да остане на клупата на репрезентацијата, Баерн се сврте кон други опции.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Повторно се споменуваше Зинедин Зидан, но потоа се појавија и спротивни тврдења дека Зидан не е блиску до договор. Сега се најавува дека можна опција е тренерот на Астон Вила, Унаи Емери.

Германски извори пишуваат дека Баерн ја почитува неговата досегашна работа, особено во Европа каде што се истакна со освојувањето на Лигата на Европа со Севиља и Виљареал, со кого дури и успеа да стигне до полуфиналето на Лигата на шампионите, додека сега е во полуфинале од Конференциската лига со Астон Вила.

Емери има договор со Астон Вила која нема да го пушти така лесно, но своевремено Емери реши да го напушти Виљареал кога го повика англискиот клуб, па сега не се исклучува можноста ако Баерн го повика да побара да му биде дозволено да премине во редовите на германскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…