Eнис Барди се повреди на последниот тренинг пред натпреварот на Македонија против Грузија и го пропушти целиот репрезентативен циклус.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Барди има повреда на грбот, по неговото враќање во Шпанија медиумите во оваа земја најавуваа и дека можеби ќе биде потребна операција. Тренерот на Леванте во овој момент не знае колку време не ќе може да смета Барди.
„Не можам да кажам многу за повредата на Барди и кога ќе се врати. Има една незгодна повреда, му испративме порака да знае дека сме со него. Денес го започнува процесот на рехабилитација и ќе видиме како ќе оди. Најважно од се да нема потреба од операција, нема да брзаме“, изјави тренерот на Леванте.