ЈОШКО ГВАРДИОЛ го завршува трансферот од РБ Лајпциг во Манчестер Сити вреден 90 милиони евра.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Хрватскиот играч поради тоа не беше во тимот на Лајпциг на ниту еден од двата пријателски натпревари кои Германците ги одиграа вчера. Тренерот на Лајпциг, Марко Роуз по натпреварите зборуваше за Гвардиол.
“Зошто не играше Гвардиол? Не треба да зборуваме за тоа, сите ја знаат причината. Мислам дека никој повеќе не може да застане пред Манчестер Сити, но не можам да кажам дека се уште е готово”. – кратко рече Роуз.
Заминувањето на Гвардиол го коментираше и фудбалерот на Лајпциг, Кевин Кампл. “Јошко е веќе еден од најдобрите дефанзивци во светот и ќе биде уште подобар. Неверојатно е како се справува со оваа помпа околу него. Беше апсолутно одличен и на тренинзите и во соблекувалната”, изјави Словенецот.