Дома Фудбал Германија Тренерот на Баварците преспа 35 минути од натпреварот: Совеста не ми е најчиста поради тоа

Тренерот на Баварците преспа 35 минути од натпреварот: Совеста не ми е најчиста поради тоа

Баерн изминатата сабота на домашен терен славеше над Шалке со 2:1 сите погодоци беа до 36. минута во првото полувреме, а верувале или не, тренерот на Баварците, Хајнкес ги преспа.

72-годишниот стратег во петокот по конференцијата за медиумите пред средбата со Шалке се разболе, одлучи да се одмори и да го пропушти мечот, а од сон се разбудил откако мечот на „Алијанц Арената“ веќе бил во тек.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Во петокот и саботата се чувствував лошо. Тогаш заминав во саботата в кревет во 16:45 и знаете ли кога се разбудив? Дури некоја минута по 7 часот, кога натпреварот веќе беше одминат 35 минути. Совеста не ми е најчиста поради тоа“, истакна Хејнкес.

Во тој период, Баерн благодарение на погодоците на Томас Милер и Левандовски имаше предност од еден гол, помеѓу нивните погодоци мрежата на Баварците ја затресе Ди Санто.

Мечот оод клупата го предводеа неговите асистенти Питер Херман и Херман Герланд.

Хејнкес важи и за најстар тренер во Бундеслигата, па изгледа густиот распоред го престигна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Ни Конте, ни Лопетеги: Милан го избра новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…