Дома Македонски спорт Трајковски полн со самодоверба: Мораме да ја оправдаме фаворитската улога

Трајковски полн со самодоверба: Мораме да ја оправдаме фаворитската улога

После големото реми против Италија, Македонија денес во Струмица го игра последниот квалификациски натпревар против селекцијата на Лихтенштајн која е последна во нашата група.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во одлична форма во репрезентативниот дрес е напаѓачот на Палермо, Александар Трајковски. Трајковски стрелаше против Албанија во Струмица, а пред само неколку дена го совлада Буфон во Торино.

Токму овие добри настапи на Македонецот му даваат самодоверба пред натпреварот против аутсајдерот.

„Ова е натпревар во кој сме фаворити и единствена опција за нас е победата. Моја и желба на сите нас е да оставиме добар впечаток во последниот натпревар од овие квалфикации во кои лошо стартувавме, но подоцна покажавме дека имаме потенцијал да се натпреваруваме против секого. Лихтенштајн е репрезентација која сигурно можеме да ја победиме и треба да покажаме дека знаеме да ја оправдаме фаворитската улога“, изјави Трајковски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Голманот на Мароко против Холандија ја изведе најгенијалната одбрана на пенал во историјата на фудбалот (Видео)

Мароко во 1/16 финалето на Светското првенство ја елиминираше Холандија по подобро изведув…