Дома Топ вести Трансферот на Зиркзе во Јунајтед е одлична вест и за Баерн

Трансферот на Зиркзе во Јунајтед е одлична вест и за Баерн

Џошуа Зиркзе наскоро и официјално ќе стане фудбалер на Манчестер Јунајтед, но на овој трансфер ќе се израдува и Баерн Минхен.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Имено, Фабрицио Романо објави дека Баерн Минхен при продажбата на Холанѓанецот во Болоња задржал 50% од неговиот договор.

Според најавите Манчестер Јунајтед за Зиркзе ќе плати сума од нешто над 40 милиони евра, па така околу 20 ќе завршат во касата на Баерн што секако не е сума за занемарување и добро ќе му дојдат на германскиот гигант за летниот преоден рок.

Зиркзе во тој период кога го напушти Баерн не можеше да добие шанса пред Роберт Левандовски кој тогаш беше во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…