Дома Останати Трансродова жена се пласираше на Светското првенство во пикадо и предизвика бурни реакции

Трансродова жена се пласираше на Светското првенство во пикадо и предизвика бурни реакции

Холанѓанката Ноа-Лин ван Левен (28) по квалификациите одржани минатиот викенд се пласираше на Светскиот шампионат во пикадо и така испиша историја во овој спорт.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Имено, Ноа во квалификациското финале ја победи светската број еден Бо Гривс, но вниманието го привлече затоа што таа всушност е маж кој ког сменил полот.

Женското пикадо како спорт се бораи за поголемо признавање и рамноправност со мажите, но во тие кругови се појави незадоволство затоа што Левен добила дозвола да се натпреварува во женска конкуренција.

Од организацијата дури и се заканиле дека ќе ги казнат сите играчи кои нема да сакаат да играат против неа.

Дета Хедман е една од нив бидејќи два пати одбила да игра против трансродови натпреварувачки, а барала и Ван Левен и другите трансродови жени да бидат исфрлени од сите женски натпреварувања.

Инаку, Ван Левен убедливо победи против Гривс со просек од 109,64 на квалификациите во Лестер и на тој начин пополни едно од двете места на женските ракометарки на шампионатот.

Трансродова жена никогаш досега не се натпреварувала на Светското првенство кое традиционално ќе се одржува од 15 декември до 3 јануари во Лондон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

АСОМ: Никогаш не сме биле дел од процесот на изработка на новиот предлог закон

Неразбирливо е како Владата по секоја цена се обидува да донесе закон што ќе има низанегат…