Дома Топ вести Традицијата продолжува: Леонардо носи двајца одлични Бразилци во Милан!

Традицијата продолжува: Леонардо носи двајца одлични Бразилци во Милан!

Милан ова лето доживеа големи промени. Клубот премина во рацете на „Елиот“ и се промени конплетното раководството на миланскиот гигант.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Пристигнаа клупските легенди Леонардо и Малдини, кои во преодниот рок кој штотуку заврши донесоа неколку големи засилувања во Милан.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Леонардо веќе работи на зимските засилувања, а главна цел ќе биде бразилскиот пазар. Познато е дека Бразилецот одлично го познава тој пазар и дека своевремено беше најзаслужен за доаѓањето на Кака и Тиаго Силва во Милано.

Сега на радарот на Леонардо се наоѓаат двајца фудбалери, а станува збор за Лукас Пакета и Родриго Кајо.

Пакета е прогласен за еден од најголемите бразилски таленти, игра на позиција офанзивен играч за врска и настапува за Фламенго. Додека Родриго Кајо е еден од најдобрите дефанзивци во бразилскиот шампионат и настапува за Сао Паоло.

Леонардо наводно уште сега започнал преговори за двајцата фудбалери и сака да ги донесе на „Сан Сиро“ во јануари или следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…