Дома Фудбал Италија Традицијата вели: Милан ќе биде шампион во Серија А

Традицијата вели: Милан ќе биде шампион во Серија А

Милан синоќа со головите на Златан Ибрахимовиќ го победи градскиот ривал Интер и го продолжи перфектниот старт на сезоната.

Милан има совршен старт на сезоната, односно четири победи на четири меча. Тоа се случило досега четири пати во историјата, а секогаш „росонерите“ биле шампиони.

Милан одличен старт на сезоната имаше во 1950, 1954, 1992 и 1995, а тогаш ја освои титулата, па на таков подвиг се надеваат и сезонава.

Оваа сезона ќе биде потребно „чудо“ да се повтори ова сценарио со оглед на фактот дека Милан се бори за пласман во Топ 4.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Премиерлигашки тренери молчат за пресудата на Манчестер Сити

Тренерите на Премиер лигата првпат се соочија со медиумите по пресудата за Манчестер Сити.…