Дома Фудбал Трагедија во Шпанија: Се удави млад фудбалер на Лас Палмас

Трагедија во Шпанија: Се удави млад фудбалер на Лас Палмас

Младиот 17-годишен фудбалер на шпанскиот клуб Лас Палмас го загуби својот живот заедно со уште едно момче од 15 години.

Хорхе Санчез и другото момче се удавија во каналот Орелана во Бадахоз, јавуваат медиумите од  Шпанија.

Хорхе Санчез настапуваше за кадетскиот состав на Лас Палмас и за сезоната 2020/21 беше планирано да игра за младинскиот состав.

„Лас Палмас жали за смртта на поранешниот фудбалер и кадет Хорхе Санчез, кој требаше да игра во младинскиот состав следната сезона. Испраќаме сочуство до семејството и пријателите“, соопштија шпанскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фариоли го чека Алегри: Подготвени сме за сè, но тој може да нè изненади

Тренерот на Порто со голем респект кон Алегри пред дуелот со Наполи, во кој португалскиот …