Дома Фудбал Италија Тоти: Рома треба да го продаде Дибала

Тоти: Рома треба да го продаде Дибала

Легендата на Рома, Франческо Тоти изјави дека доколку тој е функционер во клубот ќе ја продаде првата ѕвезда Пауло Дибала.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Аргентинецот има откупна клаузула според која може да си замине на лето за само 12 милиони евра. И додека навивачите се загрижени дека може да си замине, Тоти смета дека Дибала треба да биде продаден.

„Зборуваме за врвен играч, но мораме да ги земеме предвид клупските интереси и цели за во иднина. Да сум јас клупски функционер, во моите планови немаше да имам играч кој игра 15 натпревари годишно. Мора да размислите и за тоа“, изјави Тоти.

Оваа сезона Дибала постигна 14 гола на 28 натпревари во сите натпреварувања, но поради повреди пропушти дури 13 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дешан здивна: Салиба е целосно здрав

Вилјам Салиба е здрав и ќе може да учествува во пријателскиот натпревар на Франција пред М…