Дома Фудбал Италија Тоти: Ме натераа да донесам одлука која никогаш сам не би ја донел

Тоти: Ме натераа да донесам одлука која никогаш сам не би ја донел

Легендарниот Франческо Тоти пред скоро четири години ја заврши играчката кариера, а потоа доби една од директорските позаиции во Рома.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тоти целата своја кариера ја помина во дресот на Рома каде што играше цели 24 години, а потоа се пензионираше и одлучи да остане во римскиот клуб. Меѓутоа, Тоти на таа функција не се задржа долго и си замина поради несогласувања со раководството.

„Мислев дека засекогаш ќе останам во Рома. Но, ме натераа на одлука која мислев дека никогаш нема да ја донесам. Направив избор да заминам од Рома, но да останам во светот на фудбалот. Ако седневме да зборуваме можеби немаше да биде вака. Сепак, не им беше гајле за мене. Лут бев што ме исклучија на таков начин, но животот оди понатаму“, изјави Тоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Леао се пожали за тоа што му се случувало во Милан и откри каде сака да продолжи

Рафаел Леао веќе потврди дека ќе го напушти Милан ова лето, а сега откри и каде би сакал д…