Дома Фудбал Тотенхем конечно го потврди новиот тренер

Тотенхем конечно го потврди новиот тренер

После долги преговори Тотенхем конечно има нов тренер, а станува збор за португалскиот стратег, Нуно Еспирито Санто.

Португалецот го водеше Вулверхемптон претходните четири години. Со „волците“ тој влезе во Премиер лигата од Чемпионшип и го направи клубот стабилен прволигаш.

Многу тренерски имиња се поврзуваа со клупата на Тотенхем, па на крајот беше постигнат договор со Нуно Еспирито Санто, кој потпиша договор до 2023 година.

„Почестен сум и задоволен што сум менаџер на Тотенхем. Немаме време за губење, мора да започнеме со работа веднаш, предсезоната започнува за неколку дена“, изјави Еспирито Санто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Две мајстории за будење на Јувентус: Алајбеговиќ и Бога го урнаа Наполи!

Јувентус славеше со 2-0 во дербито со Наполи, а победата ја донесоа два прекрасни удари од…