Дома Фудбал Англија „Топџиите“ се пофалија: Арсенал доби важен потпис!

„Топџиите“ се пофалија: Арсенал доби важен потпис!

Арсенал денес го продолжи договорот со играчот за врска и египетски репрезентативец Мохамед Елнени, соопшти клубот од „Емирати“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Арсенал не ги откри конкрентние детали од договорот, само потврди дека станува збор за долгорочен договор.

25-годишниот Елнени сезонава одигра 26 натпревари за лондонскиот клуб во сите натпреварувања.

Елнени пристигна на „Емирати“ во јануари 2016 година од Базел, а „топџиите“ за неговиот трансфер платија 7,5 милиони евра.

Египќанецот првично тешко се прилагодуваше на стилот на „топџиите“ и се спомнуваше дека ќе биде испратен на позајмица, но оваа сезона игра солидно, па клубот се реши да му понуди нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи го донесе Морган Роџерс за 137 милиони евра

Челзи го комплетираше еден од најголемите трансфери за време на летниот преоден рок. Морга…