Дома Фудбал Тијаго Силва: Не знам зошто ни се вакви резултатите

Тијаго Силва: Не знам зошто ни се вакви резултатите

Стоперот на Челзи, Тијаго Силва не може да лоцира во што е проблемот во играта на неговиот тим после поразот на домашен терен од Манчестер Сити 3:0.

Во Премиер лигата Челзи е на осмата позиција на табелата со 26 бодови од 17 натпревари.

„Не сфаќам во што е проблемот. Да знам би можел да дадам некој совет, но навистина не знам. Премиер лигата е една од најтешките лиги во светот. Првото полувреме против Сити беше болно, треба да работиме повеќе и да бидеме внимателни. Второто полувреме го одигравме многу подобро, но веќе не можевме ништо да направиме“, изјави Силва.

Челзи е со само една победа на последните шест натпревари во Премиер лигата и „сините“ се наоѓаат на осмата позиција на табелата во ПЛ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Емери го посакува Гави, но Барселона не сака да слушне за продажба

Астон Вила ја разгледува можноста да го доведе Гави, но неговиот договор до 2030 година и …